Поврзете се со нас

Македонија

Супер-дерби уште во првото коло во плејофот: Вардар ќе гостува во Битола

Објавено

на

По крајот на регуларниот дел од сезоната во најсиланата македонска ракометна лига, денеска се пристапи кон влечење на редните броеви за плејофот во просториите на РФМ, а самиот старт на плејофот ќе ни донесе огромно дерби.

Извлечените бројки донесоа супер спектакл уште во првото коло во ракометниот плејоф на Македонија, бидејќи силите уште во воведот ќе ги одмерат Еурофарм Пелистер и Вардар.

Актуелниот македонски шампион ќе го пречека вечниот ривал во Битола во првото коло во разигрувањето, а според Бергер системот, ги дознавме и останатите парови за воведната рунда.

Вицешампионот Алкалоид како првопласиран во својата група пренесе максимални три бода во плејофот, па оваа фаза од сезоната ќе ја отвори со дуел против Пролет.

Останатите две двојки во првото коло се Бутел – Охрид и Тиквеш – Струга.

Што се однесува до плејаутот во македонската Суперлига, првото коло ќе изгледа вака:

Голден Арт – Мулти Есенс
Прилеп – Скопје 2020
Аеродром – Еурофарм Пелистер 2
Куманово – Вардар Неготино

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни