Поврзете се со нас

Боречки спортови

Судија „заборави“ да прекине борба, УФЦ фановите шокирани од сцената во Остин (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ufc

Џејлин Тарнер рутински ја доби борбата со Боби Грин на УФЦ соочувањето во Остин, но начинот на кој беше прогласена неговата победа предизвика многу критики и коментари меѓу фановите.

Во главна улога бил судијата Кери Хатли, кој како да ги заборавил добро познатите правила и очекувањата на фановите, па му дозволи на Тарнер да испрати многу повеќе удари во главата и телото на Грин.

Работата отиде дотаму што со коментар се јави и првиот човек на УФЦ, Дана Вајт.

– Судијата знае дека направи грешка, тоа беше навистина лоша одлука за прекинување на борба, – рекол Вајт, а на социјалните мрежи стигнале критики и од други УФЦ ѕвезди кои го следеле ова соочување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни