Поврзете се со нас

Македонија

Струга донесе играч од Адана Демирспор, Македонија ЃП прекомандува двајца младинци во првиот тим

Објавено

на

Шампионот Струга Трим Љум експресно ангажираше уште едно засилување за новата сезона, засилување кое доаѓа од Турција.

Се работи за Арди Идризи кој досегаш беше дел од младионскиот тим на турскиот суперлигаш Адана Демирспор. Тој потекнува од Тетово, кариерата ја започна во Шкендија по што играше во Шпанија и Турција пред да се врати во нашата држава.

Претходно стружани го ангажираа интернационалецот од Косово, Ментор Мазрекај.

Кога се во прашање македонските прволигаши, Македонија Ѓорче Петров прекомандува двајца младинци во првиот тим. Се работи за Христијан Поп Антоски и Ристе Лембовски, првиот е лев бек кој може да игра и како везен играч и офанзивен везен, вториот пак е стопер кој ако има потреба може да ја покрие позицијата последен играч за врска.

Двајцата потпишаа тригодишни договори со актуелниот освојувач на Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни