Поврзете се со нас

Шпанија

Стоперот на Валенсија заработи непотребен црвен картон во 90. минута, Гатузо збесна и му одржа лекција (Видео)

Објавено

на

Валенсија ја оствари првата победа на гостински терен после повеќе од шест месеци, но изминатата ноќ сепак не беше комплетно мирна за Џенаро Гатузо кој имаше бесен излив на емоции во самата завршница.

„Лилјаците“ влегоа со предност од 0:2 против Осасуна во судиското продолжение, но пред да дојде до тоа, Муктар Диакаби го избезуми својот тренер поради едно непотребно однесување.

Стоперот кој претходно беше повлечен од игра доби црвен картон поради протести од клупата за резерви, сценарио кое комплетно го излуде Гатузо, кој отиде да го „изриба“ својот играч и да му одржи лекција.

После ова, Осасуна успеа да постигне гол за 1:2, па крајот донесе и тензија која сепак заврши со добар крај за Валенсија на Рино.

– Навистина многу му се налутив на Диакаби. Добивме четврти црвен картон на осум меча во Ла Лига и тоа е многу. Од клупата зборувам само јас, нема што да зборуваат играчите. Следната сабота имаме многу тежок меч и не можам да бидам среќен што останав без еден играч. Тоа е неприфатливо, – изјави Гатузо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни