Поврзете се со нас

Италија

Стоперот на Сасуоло изреагира како аматер, Андерсон ја потврди победата на Лацио (Видео)

Објавено

на

Лацио стави крај на лошата низа на резултати која започна уште пред официјалните подготовки за Светското првенство, а која продолжи и на стартот на 2023-та година.

Поразот од Лече и ремито со Емполи ги разлутија навивачите на Наполи и тренерот Маурицио Сари, па денеска играчите имаа подготвено добар одговор на теренот, и тоа на традиционално незгодно гостување.

Сасуоло воопшто не им го олесни задачите на гостите од Рим, но сепак беше жестоко казнет за двата најголеми пропусти во одбраната. Првиот дојде на крајот на првиот дел кога беше досуден пенал за Лацио, кој пак успешно го реализираше Закањи.

Предноста од 1:0 беше активна и до судиското продолжение во вториот дел, кога следеше неверојатен кикс на домашниот стопер и гол на Фелипе Андерсон.

Дефанзивецот Тресолди реагираше како аматер и неколку секунди се подготвуваше да ја исфрли топката, па така Андерсон стигна пред него до истата и потоа го издрибла и голманот за конечни 0:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни