Поврзете се со нас

Македонија

Стојков најави атрактивен фудбал од Брера Струмица и посочи која е целта за новата сезона

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Академија Пандев или по ново Академија Пандев Брера Струмица ги започна подготовките за новата сезона во која клубот ќе биде водена од неколку италијански стратези.

Главен тренер ќе биде Џовани Валенти на кого ќе му помагаат Микеле Кавали и Алесандро Пегорари што значи дека клубот од Струмица ќе работи на италијански погон.

Спортскиот директор Ацо Стојков е убеден дека „аѕурите“ ќе донесат нешто ново позитивно, квалитетно, односно верува дека екипата ќе игра атрактивен фудбал.

Екипата прво ќе работи во Струмица, па ќе оди во Банско каде ќе ги одработи главните подготовки. Најавени се и неколку засилувања кои на тимот треба да му донесат висок пласман, меѓу петте најдобри во натпреварувачката 2023/2024.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни