Поврзете се со нас

Репрезентација

Стојанов отпадна поради повреда, репрезентацијата вечерва патува за Абу Даби

Објавено

на

Селекторот Благоја Милевски сака да го провери квалитетот и потенцијалот на една група на потенцијални репрезентацивци кои ги селектираше за пресметката со Саудиска Арабија која е закажана за 22 октормври во Абу Даби.

Националниот тим вечерва преку Истанбул патува за Абу Даби, а на листата на патници нема да биде Мартин Стојанов. Фудбалерот на Септември Софија има повреда (скинат бутен мускул) и поради тоа нема да биде во комбинација за овој тест.

Милевски нема да повика друг фудбалер на местото на повредениот Стојанов поради временски ограничувања во однос на добивање виза за ОАЕ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни