Поврзете се со нас

Мото ГП

Спектакл на стартот на Мото ГП: Шампионот шокиран со две престигнувања на стартот на целната рамнина (Видео)

Објавено

на

Првата трка од новата сезона во Мото ГП шампионатот ни донесе огромни возбудувања и страшна завршница на стартот на целната рамнина, каде видовме две престигнувања во жесток „костец“ кој го имаа дури три возачи.

Маверик Вињалес направи фантастичен пресврт и сосема заслужено стигна до прва победа на отворањето на новата сезона, но далеку понеизвесна беше битката за второто и третото место, која се решаваше до последните неколку метри.

Шамионот Жоан Мир влезе со предност и се чинеше дека ќе го освои второто место, но откако влезе пошироко во свиокот, беше прелетан од двајцата возачи на Дукати и дојде до израз моќта на италијанскиот мотоцикл на правец како што е оној во Катар.

Жоан Зарко и Франческо Бањаја го комплетираа пиедесталот на трката за Големата награда на Катар, на која од претходно се знаеше дека нема да настапи Марк Маркез кој не ја санираше повредата од минатата сезона.

Покрај водечката четворка, солидна трка имаа уште Квартараро, Ринс, браќата Еспаргаро, Милер и Бастијанини кои завршија меѓу првите 10, додека Валентино Роси во својата прва трка како член на Петронас Јамаха мораше да се задоволи само со 12-та позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни