Европски првенства
Спалети откри што му порачал на Жоржињо откако ја загуби пенал битката со Димитриевски

Италија после три меча без триумф ја надигра Македонија и оствари убедлива победа од 5:2, успех кој беше одбележан од три фази во текот на 90-те минути кои беа одиграни во Рим.
„Аѕурите“ беа крајно супериорни и постигнаа три гола во првото полувреме, Македонија се врати и преку Атанасов намали на 3:2, но кога се очекуваше голем притисок за домаќините, видовме уште два гола во мрежата на Столе Димитриевски.
Покрај седумте постигнати гола, Жоржињо не успеа да реализира пенал и беше надмудрен од страна на Столе Димитриевски во првиот дел, па многумина побараа од селекторот Спалети да го промени првиот пеналџија во репрезентацијата.
– Жоржињо имаше навистина многу деликатен натпревар, а одигра одлично. Не се грижете, веќе му порачав дека тој ќе го изведе следниот пенал за Италија и тој се согласи да го направи тоа, – изјави Спалети.
– Да бидам искрен, очекував да има период во мечот во кој ќе страдаме. Нивните два гола дојдоа во краток временски интервал, но наместо да паднеме, ние се наполнивме со енергија и ги свртевме работите во нашата корист со постигнати голови. Покрај двата погодоци кои ги постигнавме, создадовме уште неколку големи шанси, – додаде Лучијано, кој остана највоодушевен од реакцијата по двата примени гола.
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 19 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Англијапред 22 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 21 час
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 18 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 6 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него