Поврзете се со нас

Англија

Сколс брутален кон последното летно засилување: Јунајтед победи поради тоа што Тен Хаг стави подобар играч во вториот дел

Објавено

на

После долги преговори и макотрпно лето за сите страни, Манчестер Јунајтед во последниот ден од преодниот рок го договори Софијан Амрабат, но Мароканецот засега не успева да ги импресионира сите фанови кои редовно го следат великанот од „Олд Трафорд“.

Амрабат принудно играше на левата бековска позиција на неколку меча, но сега и кога стартуваше на својата принудна позиција, интересно беше прва замена на тренерот Ерик Тен Хаг.

Холанѓанецот го извади Мароканецот уште на паузата меѓу двете полувремиња, а влегувањето во игра на поофанзивен фудбалер како Ериксен се покажа како полн погодок ако се земе во предвид дека Јунајтед славеше со 1:0.

Ваков заклучол има и легендарниот Пол Сколс, кој смета дека Ериксен е далеку подобар фудбалер од Амрабат и секогаш треба да биде пред него во тимот.

– Второто полувреме беше подобро за Јунајтед бидејќи менаџерот ги стави подобрите играчи во игра. Го стави Ериксен во игра, далеку подобар фудбалер од Амрабат. Не сакам да изгледа како непочитување кон Амрабат, но тој е деструктивец, не може да влијае врз градењето на играта.

– Со влегувањето во игра на Ериксен, одеднаш почна да игра и Бруно. Ериксен знае да ја смири топката, знае да воспостави пас игра. По неговото влегување, Јунајтед повторно почна да личи на тим. Првото полувреме беше навистина лошо, како да гледав меч од Лигата на Европа, – брутално и во свој стил порачува Сколс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни