Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Сити „испука петарда“ против Бриж, Спортинг го понижи Бешикташ во Истанбул (ВИДЕО)

Објавено

на

Европскиот вицешампион Манчестер Сити оствари убедлива победа над Бриж од 5-1 на вечерашното гостување во Белгија во рамките на третото коло во Лигата на шампионите.

Избраниците на Пеп Гвардиола важеа за огромни фаворити и тоа го потврдија на теренот, па така во првиот дел дадоа два гола преку Кансело и Марез за да во второто стрелаат Вокер, младиот Палмер и одново Марез.

Со овои триумф дојде до шестиот бод во оваа група А, додека пак Бриж за кого вечерва погоди Ванакен останува на 4 бодови.

Во Истанбул пак португалскиот првак Спортинг си поигра со домаќинот и го совлада со 4-1. Стоперот Коатес беше во центарот на вниманието, даде два гола, потоа се избори за пенал кој го реализираше Сарабија за да на крајот Паулињо ја затвори приказната на оваа средба.

Кај домаќините кои сегаа имаат „нула од три“ погоди Ларин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни