Поврзете се со нас

НБА

Сите играчи на Далас промовираа кампања во битката против Јокиќ, само Дончиќ не ја носеше маицата со балкански шмек (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Далас веќе некое време ги користи социјалните мрежи за промовирање на кампањата „Вистински МВП“, слоган кој дефинитивно е смислен за да му се оддаде признание, но и поддршка на Лука Дончиќ.

Франшизата предводена од Марк Кјубан го прави ова со цел да ги потенцира фантастичните партии кои ги нуди Дончиќ оваа сезона, кој реално му е единствен ривал на Никола Јокиќ во битката за МВП титулата.

Како што се ближи крајот, се повеќе се разгорува битката за МВП трофејот, а како што јавуваат медиумите од Америка, поблиску до престижното признание е српскиот кошаркар.

Јокиќ најверорјатно по третпат ќе биде избран за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната, но во Далас сметаат дека „вистинскиот МВП“ игра во нивниот тим, па затоа решија да изработат и маички со балкански шмек.

Сите играчи на Далас рано утрово истрчаа во Мајами со популарниот слоган, со исклучок на Лука кој очигледно се срами да учествува во акција во која се величи неговото име.

Инаку, Далас рано утрово го победи Мајами со 92:111, натпревар на кој Дончиќ беше најдобар со 29 поени, 9 скокови и 9 асистенции, следен од Кајри Ирвинг кој запиша 25 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни