Поврзете се со нас

АТП

Синер се повлече од Мастерсот во Париз поради скандалозната одлука на организаторот (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RolexPMasters

Јаник Синер го победи Мекензи МекДоналд во меч кој траеше доста долго, но кој заврши во некарактеристичен тениски термин за турнир кој се игра на европско тло.

Поради згуснатиот распоред во Париз, Синер и МекДоналд својот меч го завршија во 2 часот и 40 по полноќ, а како протестна нота кон одлуката на организаторите, Италијанецот сега се повлече од Мастерсот кој носи 1000 АТП поени.

Синер остана шокиран од одлуката на организаторите да го одигра денеска својот меч против Де Минор во дневната програма, па бидејќи имаше помалку од 12 часа за одмор, реши да се повлече.

Јаник е тенисер кој беше во најдобра форма во последниот месец и освои два турнири совладувајќи го Медведев во финалињата, но сега остана без шанса да се бори за трет во низа.

– Го завршив мојот меч речиси во 3 часот наутро и не бев заспан еден час подоцна. Имав помалку од 12 часа за одмори за да се подготвам за следниот меч. Морав да ја донесам вистинската одлука за моето тело и моето здравје. Следи АТП финалето во торино и Дејвис Купот. Ќе се подготвам за овие турнири, се гледаме во Торино, – порача Синер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни