Поврзете се со нас

АТП

Синер повторно го победи Медведев во меч за титула, Алијасим го одбрани трофејот во Базел

Објавено

на

Foto:twitter.com/ErsteBankOpen

Данил Медведев пропушти шанса да му се реваншира на Јаник Синер за поразот во финалето во Пекинг, па така мораше по вторпат да му честита на младиот Италијанец во меч во кој се бореа за титула.

Синер игра во се подобра форма на крајот од сезоната и ја освои втората титула во краток временски интервал, откако спасуваше две сет топки во првиот сет, а потоа беше подобар во одлучувачкиот.

Јаник го доби првиот сет во тајбрејкот, Медо одговори и израмни на 1:1 со 6:4, но во клучниот сет повторно за нијанса подобар беше помладиот тенисер кој ја освои титулата во Виена.

Покрај Синер, со титула денеска се закити и Феликс Оже Алијасим, тенисерот кој беше најголемо разочарување во 2023-та година, пред се поради тоа што беше во ужасна форма.

Канаѓанецот не можеше да врзе две победи од месец март, но сега успеа да ја одбрани титулата во Базел и во финалето го победи Хуберт Хуркач со 7:6 и 7:6.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни