Поврзете се со нас

АТП

Синер ја доби маратонската битка во Вашингтон и испиша нова историја на турнирите од оваа категорија (ВИДЕО)

Објавено

на

Италијанскиот тенисер, Јаник Синер е победник на АТП турнирот од серијата 500 кој изминатиов период се играше во Вашингтон.

Синер во битката за трофејот по еден маратон кој траеше три часа славеше над домашниот рекет МекКензи МекДоналд со 2-1 во сетови.

Ова беше дуел во кој Италијанецот беше подобар, но МекДоналд машки се бореше од почетокот до самиот крај и најдобар доказ за тоа е што дури спаси десет сет топки во првиот сет и 16 брејк топки низ целиот натпревар.

Инаку конечниот резултат на пресметката во американската престолнина беше 7-5, 4-6, 7-5 што за Синер беше најголем успех во кариерата.

Тој загуби само еден сет во петте меча што ги одигра и воедно со овој триумф стана најмлад шампион (19 години и 358 денови) на турнирите од оваа категорија притоа оставајќи го зад себе германскиот ас Александер Зверев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни