Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Симеоне: Порто ми се допаѓа како тим, ама верувам во моите играчи

Објавено

на

Вечерва се игра последното 6. коло во дел од групите во Лигата на шампионите, а најинтересно, највозбудливо с еочекува да биде во „дружината“ Б каде три екипи се бора за пласман во нокаут фазата и тоа Порто, Милан и Атлетико Мадрид.

Во најтешка позиција од сите нив е шпанскиот првак Атлетико кој има четири бода што значи дека мора да го добие Порто на негов терен во Португалија и притоа да очекува кикс на Милан против сигурниор Ливерпул, поточно „росонерите“ да не слават на „Сан Сиро“.

Секако ова се два услови кои ќе биде тешко да се остварат, но тоа не и невозможна мисија и тоа го знае тренерот на Атлето, Диего Симеоне.

-Верувам во мојот тим. Работевме на работи кои требаше да се поправат, сега треба да разговараме за да се чувствуваме добро на теренот. Тоа е најважно, бидејќи само така ќе можеме да ја контролираме играта. Тогаш ќе дојдат шансите, -рече Чоло и додаде:

-Нè очекува важен натпревар, против екипа која е лидер во својата земја. Порто е тим кој многу ми се допаѓа и кој последното коло го дочекува како фаворит бидејќи има повеќе бодови од нас и Милан, -заврши Аргентинецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни