Поврзете се со нас

Европски првенства

Шумуликоски: Ќе бидеме изненадување на ЕП, играч како Пандев се раѓа еднаш на 100 години

Објавено

на

Македонската репрезентација денеска ќе го има својот прв историски настап на Европските првенства и тоа во Букурешт каде ќе се соочиме со селекцијата на Австрија.

Тоа е средба која со нетрпение ја очекува целата македонска јавност, навивачи, спортски работници, наши легенди, поранешни репрезентативции…затоа што не се случува често наша фудбалска репрезеннтација да игра на завршен турнир.

Долги години дел од селекцијата беше Величе Шумуликоски и многу добро знае што значи да се носи националниот дрес. Тој добро го познава и капитенот Горан Пандев за кого има само комплименти, убави зборови.

-Таков играч се раѓа еднаш на сто години. Тој е најдобриот играч во нашата историја. Исклучително е она што го постигна. Иако има години, тој е во форма. Ако веќе немаше квалитет, немаше да биде цело време во Италија. Таму го почитуваат, -вели популарниот Шуми кој верува дека можеме да бидеме големо изнанадување на турнирот.

-Го гледав дуелот со Словенија во кој противникот израмни во 95 минута. Располжнието е одлично, мислам ќе бидеме изненадување. Се ќе зависи од првиот меч со Австрија. Верувам момците ќе победат. Ама и реми ќе биде добро за почеток. Имаме огромна шанса против Австрија и Украина. Нема што да загубиме со Холандија. Можете само да победите и бидете горди, -порача Величе кој сега е спортски менаџер во Словачко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни