Поврзете се со нас

Европски првенства

Шпанија обезбеди билет за ЕП, Хрватска непријатно изненадена од Велс (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/SEFutbol

Селекцијата на Шпанија славеше над Норвешка со 1-0 во дерби натпреварот во вечерашните квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

„Црвената фурија“ успеа да го освои Осло и на тој начин да обезбеди билет за континенталниот собир, но во исто време да и овозможи пласман на истиот и на селекцијата на Шкотска која има подеднаков број на бодови во групата А како главниот фаворит.

Клучниот момент се случи во 49 минута кога по една мешаница Гави успеа да ја испрати топката во мрежата на домаќините.

Во големи проблеми пак е селекцијата на Хрватска која пред неколку дена загуби од Турција, а вечерва и од Велс (2-1) со што во моментов е надвор од местата кои водат на шампионатот во Германија.

Вилсон даде два гола, додека почесниот погодок за „коцкестите“ беше дело на Пашалиќ. Избраниците на Далиќ се трети во групата Д во која Велс има идентичен број на бодови како нив, ама подобар меѓусебен дуел, додека пак првопласирана е Турција со 16 бодови.

Турците денеска беа подобри од Летонија со 4-0, Романија со истиот резултат ја надигра Андора, а пак Полска уште еднаш се посрамоти со Молдавија.

Во месец јуни загуби од Молдавците со 3-2, вечерва пак пред своите гледачи ремизираше играјќи 1-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни