Поврзете се со нас

Франција

„Шах-мат“: Мбапе за две минути ги реши Оксер (ВИДЕО)

Објавено

на

Пари Сен Жермен дојде до трите посакувани бода на пресметката со Оксер и сега има отворен пат до нова титула во Лига 1.

Клубот од француската престолнина триумфираше со 2-1 и тоа во средба во која во главна улога беше напаѓачот Килијан Мбапе. Мбапе за точно 2 минути и 14 секунди го реши домаќиниот, поточно даде два гола од 6 до 8 минута со што дојде до најбрзите два погодоци на клупски план.

Во националниот дрес има подобар учинок на оваа тема, поточно Аргентина двапати ја матираше за 1 минута и 35 секунди.

Оксер во вториот дел преку Синајоко го намали водството на фаворитот, ама немаше сили да направи нешто повеќе.

Со вкупно 84 бода четата на Галтие е прва пред Ленс со 78 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни