Поврзете се со нас

Италија

Сергеј му кажа збогум на Лацио: Ова е чуден ден, тешко е да ги најдам вистинските зборови…(ФОТО)

Објавено

на

Сергеј Милинковиќ-Савиќ става крај на својот престој во Лацио и Италија, клуб и земја во кои ги мина изминативе осум години.

Србинот се сели во Саудиска Арабија и во иднина ќе го носи дресот на Ал Хилал, тим на кој ќе му служи во наредните три сезони. Како што е редот популарниот СМС се огласи на социјалните мрежи и со убава порака се збогува со „бјанкочелестите“ со кои мина одлични моменти, а се израдува на неколку титули.

Официјално: Милинковиќ-Савиќ промовиран во новиот клуб, познати се детали за преселбата во Саудиска Арабија

-Денес е чуден ден за мене, тешко е да ги најдам вистинските зборови за да се збогувам со тебе. Поминаа 8 години од моето доаѓање и никогаш не можам да заборавам се што поминавме заедно. Копа Италија, двата Суперкупа, сите голови и асистенции. Секогаш ме поддржуваше и ми даваше сила на вистински наредник.

-Сето ова никогаш нема да биде заборавено и секогаш ќе го носам во моето срце. Лацио и нашите луѓе заедно со сите соиграчи со кои работев низ годините, тоа беше вистинско семејство. Научив толку многу овде и станав човекот што сум денес. Благодарност и до тренерите и целиот персонал кој работеше со нас и до навивачите кои со својата страст ни помогнаа да постигнеме резултати кои изгледаа невозможни.

-Последната радост со Сергеј беа квалификациите за Лигата на шампионите и се надевам дека сите ќе постигнете уште многу големи работи. Форца Лацио! Вие секогаш ќе бидете мојот втор дом, -порача Милинковиќ-Савиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни