Поврзете се со нас

Италија

Официјално: Милинковиќ-Савиќ промовиран во новиот клуб, познати се детали за преселбата во Саудиска Арабија

Објавено

на

foto:twitter.com/Alhilal_EN

Српскиот репрезентативец, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и официјално својата кариера ќе ја продолжи надвор од Европа или поточно во Саудиска Арабија.

Сергеј во изминативе сезони беше еден од најдобрите играчи во Серија А на својата позиција, има сериозен интерес за него од повеќе клубови, но претседателот Клаудио Лотито постојано ги одбиваше нападите со поставување на цени кои надминуваа над 100 милиони евра.

На крајот популарниот СМС влезе во последната година од договорот, имаше доста шпекулаци за тоа кој ќе биде следниот потег за да во изминатиов период стигне понудата од Блискиот Исток, понуда од Ал Хилал која беше предобра да се одбие затоа што таа сума на пари дефинитивно не може да ја добие на стариот континент.

„Моцарт Спорт“ пренесува дека Лацио за трансферот ќе добие 42 милиони евра, додека пак играчот за три години ќе заработи чисти 75 милиони евра, цифра која лесно може да стигне до 90 милиони евра затоа што има лесто остварливи бонуси.

Милинковиќ Савиќ има 28 години, пред Лацио играше за Генк и Војводина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни