Поврзете се со нас

Репрезентација

Сениорките ги добија противниците во квалификациите за ЕП (ФОТО)

Објавено

на

Женската сениорска ракометна репрезентација ги дозна ривалите за квалификациите за Европското првенство кое наредната година од 28 ноевмри до 15 декември ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Нашиот национален тим беше во вториот шешир, а за пласман на собирот на најдобрите селекции на стариот континент ќе се бори против Шпанија, Литванија и Азербејџан.

Селекцијата на Шпанија ја добивме од првиот шешир, додека од третиот и четвртиот ни се паднаа репрезенациите на Литванија и Азербејџан.

На шампионатот ќе настапат 24 репрезентации од кои четири веќе се познати, тоа се домаќините (Австрија, Унгарија и Швајцарија), плус актуелниот првак Норвешка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни