Поврзете се со нас

Англија

Селекторот на Гана потврдил дека Парти се уште не е блиску до враќање во тимот на Арсенал

Објавено

на

Репрезентацијата на Гана ќе биде сериозно ослабена на Африканскиот куп на нации, бидејќи селектор Крис Хатон дефинитивно се откажа од опцијата да располага со Томас Парти и Тарик Лампти.

Двајцата фудбалери од Премиер лигата се рехабилитираат од повреди, а фактот што Гана се откажа од Парти покажува дека неговата повреда и натаму е проблем и за Арсенал.

Предводникот на африканската селекција истакнал дека сите се многу внимателни со проблемот на Парти и постојано комуницираат со лекарскиот тим на „топчиите“.

– Ова е најлошата повреда која Томас ја имал досега во кариерата.

– За мене е најважно да му ја дадеме поддршката која му е потребна периодов, – истакнал селекторот на Гана.

Лампти е член на Брајтон и се повреди уште во ноември, па во моментов не е во комбинација ниту за тимот на Роберто Де Ѕерби.

Андре Ају доби повик во националниот тим и ќе го израмни рекордот за најмногу завршни турнири на Африканскиот куп (8).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни