Поврзете се со нас

Македонија

Се гради тим за наредната сезона: Хрватски бек потпиша за „гладијаторите“ од Охрид (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid

Екипата на ГРК Охрид веќе размислува и за наредната сезона, а доказ за тоа е денешната потврда за обезбеденото засилување од Хрватска.

Популарните „гладијатори“ ја информираа јавноста дека Рудолф Ѕвонимир Сафранко потпишал двегодишен договор со нив. Се работи за бек од Хрватска кој во таборот на Охрид доаѓа од составот на Амичитија Цирих каде играше заедно со македонските интернационлци Мартин Поповски и Филип Арсеновски.

Тој во Швајцарија имаше просек по 6.1 голови по натпревар што доволно говори дека македонскиот прволигаш добива квалитетно засилување.

Кариера ја започнал во РК Загреб, потоа играл за екипите на Умаг, Добова (Словенија) пред да замине во Швајцарија. Има над 20 настапи за сите младински категории на хрватската репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни