Поврзете се со нас

Англија

Сатон со прогноза: Јунајтед ќе ги шокира фановите во ФА Купот, Ливерпул повторно ќе се „лизне“ во ПЛ

Објавено

на

Овој викенд имаме натпревари во Премиер лигата, но и во ФА Купот што секако е гаранција за возбудлив, квалитетен фудбал во кој според поранешниот англиски репрезентативец Крис Сатон ќе имаме неколку изненадувачки резултати.

Некогашниот напаѓач на Челси и Астон Вила верува дека ќе имаме неочекувани исходи во неколку битки од кои за издвојување се секако оние во кои ќе учествуваат Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Според Сатон, „црвените ѓаволи“ уште еднаш ќе го изненадат, шокираат своите навивачи и нема да успеа да се пласираат во финалето на ФА Купот, поточно ќе загубат од Ковентри со 2-1.

Кога е во прашање пак Ливерпул, тој ќе направи кикс и нема да го освои целиот плен против Фулам во дуелот од 34. коло од најсилниот англиски шампионат.

Ова се типовите на некогашниот најдобра стрелец во ПЛ.

ФА Куп:

Манчестер Сити-Челси 3-0

Ковентри-Манчестер Јунајтед 2-1

Премиер лига:

Лутон-Брентфорд 1-1

Шефилд Јунајтед-Барнли 1-2

Вулверхемптон-Арсенал 0-1

Евертон-Нотингем Форест 2-1

Астон Вила-Борнмут 2-1

Кристал Палас-Вест Хем 1-1

Фулам-Ливерпул 1-1

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни