Поврзете се со нас

Италија

Сари нема свој збор околу засилувањата во Лацио: Не треба да ми кажува имиња, јас ги бирам играчите

Објавено

на

foto: https://twitter.com/_Pedro17_

Лацио успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите за нареднава сезона, но и тоа не го натера првиот човек на клубот Клаудио Лотито дополнително да се ангажира, да донесе квалитетни засилувања кои ќе бидат од помош во кампањата која следи и која нема да биде лесна со оглед на обврските на повеќе фронтови.

„Бјанкочелестите“ за тренер го имаат искусниот Маурицио Сари, меѓутоа по се изгледа и тој не може да излезе на крај со контроверзниот претседател Лотито кој откри како функционира клубот кога се во прашање трансферите.

-Имам јасни идеи, му кажав на Маурицио Сари да не ми кажува имиња [на играчите што сака да ги потпише], туку само позициите што сака да ги покрие. Јас ги бирам играчите.

-Постои цел оддел во Формело кој се фокусира само на скаутирање. Кастелјанос пристигна и тоа беше скапо засилување. Сега Сари ми бара „реџиста“, дефанзивец, крило меѕала, не е неопходен лев бек. Ги имам сите имиња во глава, -порача Лотито.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни