Поврзете се со нас

Германија

Салихамиџиќ за најавената трансфер бомба: Имаме осум играчи…

Објавено

на

Баерн Минхен во летниот преоден рок го загуби Роберт Левандовски, но не се реши да донесе сооветна замена, ѕвезда која вистински ќе го пополни неговото место.

„Баварците“ го доведоа младиот Матис Тел кој заедно со останатите играчи од офанзивната линија ќе треба да го понесат товарот во оваа сезона. Медиумите пренесоа дека Баерн размислувал за Хари Кејн од Тотенхем, но и дека во 2023 година одново ќе ја разгледа оваа ситуација и ќе се обиде да притисне за Англичанецот особено ако не ја продолжи соработката со сегашниот тим.

Сепак ваквите вести ги демантираше спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ кој порача дека има максимална доверба во играчите кои во моментов му се на располагање на тренерот Јулијан Нагелсман.

-Не сум разговарал со никого од околината на Хари Кејн. Имаме верба во нашите играчи. Серж, Садио, Чупо-Мотинг и исто така Тел. Тоа се момци кои треба да прераснат во тоа. Имаме осум играчи за четири позиции. На крајот треба да видите што нуди пазарот и не најдовме дека некој е подобар од она што веќе беше во нашиот тим, -порача популарниот Брацо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни