Поврзете се со нас

АТП

Руне ја доби драмата со Димитров и закажа четвртфинале со Синер во Монте Карло

Објавено

на

foto:twitter.com/ROLEXMCMASTERS

Холгер Руне ќе биде противникот на Јаник Синер во четвртфиналето во Монте Карло, фаза во која скандинавецот стигна по драматичната победа над Григор Димитров.

Руне и Димитров водеа жестока битка три ипол часа за да на крајот како победник излезе помладиот со 7:6 (9), 3:6, 7:6 (2). Данецот спаси две меч топки во 12 гејм од третиот сет, односно откако ја преживеа таа ситуација беше многу посвеж, подобар во тај-брејкот со 7-2 и место во наредната фаза.

Таму ќе го чека Синер кој денеска со 2-0 во сетови го реши Германецот, Јан-Ленард Штруф (6-4, 6-2).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни