Поврзете се со нас

Италија

Рома првпат остана „без муниција“ под водство на Де Роси (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ASRomaEN

Рома не успеа да победи на гостувањето кај Лече и направи чекор назад во обидот да стигне до топ четири пласман на крајот од сезоната, а денеска за првпат тимот на Де Роси остана „без муниција“ во Серија А.

„Волчицата“ постигна по неколку гола на сите натпервари кои ги одигра под водство на новиот тренер во домашното првенство, но велигденското коло донесе пост кој никој не го посакуваше.

Рома не успеа да постигне гол во мрежата на Лече, но на моменти имаше и многу среќа и може да биде задоволна што на крајот освои и бод на „Виа дел Маре“.

Лече имаше повеќе обиди и запиша шест директни удари кон голот на Миле Свилар, па може слободно да се каже дека домаќините беа поблиску до трите бода.

На крајот двата тима се задоволија со по еден, што значи дека Рома остана на минус пет од четвртопласираната Болоња на првенствената табела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни