Поврзете се со нас

Италија

Рома бара купувач за една од своите ѕвезди

Објавено

на

Раководството на Рома решило дека е вистински момент да се раздели со еден од своите најважни фудбалери, па уште овој преоден рок клубот е отворен за понуда за Николо Ѕаниоло.

Италијанскиот репрезентативец има договор до јуни 2024 година, а со оглед на повредите и слабата форма, во Рома се убедени дека сега можат да добијат највисока сума за неговиот трансфер.

Ѕаниоло беше исвиркан од фановите на дуелот со Џенова откако се уште не го продолжил договорот со „волчицата“, а потоа не беше во составот за следниот прволигашки натпревар на Рома.

Жозе Мурињо во минатото го бранеше Ѕаниоло од критиките на медиумите, но се чини и тој го прифатил фактот дека Рома треба да продолжи без младиот офанзивен играч и да ги инвестира парите од трансферот во други фудбалери.

Арсенал и Тотенхем можат да бидат најсериозни кандидати за потписот на Италијанецот, а Рома во моментов посакува барем 35 милиони евра за неговите услуги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни