Поврзете се со нас

АТП

Родик: Ако Ѓоковиќ не игра во Мелбурн, тогаш на Надал…

Објавено

на

Некогашниот светски рекет број еден, Енди Родик даде свој коментар околу целата неизвесност за настапот на Новак Ѓоковиќ на првиот грен слем во 2022 година Австралија Опен.

И понатаму не е познато дали Ѓоковиќ се има вакцинирано против КОВИД-19 што е услов за настап на турнирот во Мелбурн, па во јавноста има доста коментари, реакции на оваа тема. Родик не знае што Србинот ќе направи, па се обиде да посочи што за Надал, Медведев, Зверев и компанија би значела информација дека Новак нема да игра во Австралија.

-Никој не знае што ќе се случи со Австралија. Никој освен Новак не знае што ќе направи и дали ќе го направи она што е потребно за учество на турнирот. Ако го нема, тоа е прилика за Медведев, Зверев, Рафа Надал на кого вода ќе му дојде на уста затоа што ќе оди по 21. грен слем. Тука се и останатите момци, секој треба да го игра турнирот на свој начин, -вели Родик кој притоа порача дека сега кругот за освојување на титулите е многу поширок.

-Навикнати сме да зборуваме кои се членовите на новата генерација која ќе се натпреварува за слемови. Сите се веќе таму, тоа го прават полека, освојуваат големи титули. Засега не се знае што ќе прави по заминувањето од функцијата. Полека го следиме процесот на транзиција,-смета Енди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни