Поврзете се со нас

Англија

Робертсон со критики до соиграчите: Мора да бидат подобри…

Објавено

на

Ливерпул за само неколку дена доживеа нов удар, па откако Аталанта ги потопи во Лига Европа, Кристал Палас им зема мерка во Премиер лигата, пораз со кој „црвените“ направија голем чекор назад во борбата за титулата.

Великанот повторно остана без погодок на „Енфилд Роуд“ што е навистина неверојатно со оглед на квалитетот, напаѓачкиот потенцијал на екипата.

Дефанзивецот Енди Робертсон беше директен и испрати критики до офанзивниците и нивната реализација пред противничкиот гол.

-Ова е приказна за последните неколку натпревари и затоа бевме казнети на овие натпревари. Се бориме да ја зачуваме мрежата во моментов. Не знам колку имавме во последните 10 или 15 натпревари, но не се многу. Кога ќе го направите тоа, треба да ги искористите шансите. Тоа е толку едноставно. Момците пред голот мора да бидат подобри. Но, момците во дефанзива, како одбранбена единица како целина, мораме исто да бидеме подобри. Првото полувреме мислев дека сме лоши, а тие беа на врвот и можеа да имаат повеќе од 1-0. Второто полувреме имавме доволно шанси да победиме два или три натпревари, -рече Шкотот и додаде:

-Не сме добри пред голот откако се вративме од репрезентативната должност. Кога одите по титули и трофеи тоа не е добра работа. Да не се даде гол на Енфилд е реткост, и ние сме казнети поради тоа што во оваа фаза од сезоната навистина не можете да го направите.

-Сега очигледно тимовите околу нас ќе победуваат. Ама мораме да продолжиме понатаму и тоа е единственото нешто што можеме да го направиме, -заврши Робертсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни