Поврзете се со нас

Балкан

Ристовски по првиот пораз на Динамо: Не ни доликува да се жалиме

Објавено

на

Хрватскиот првак Динамо вчера загуби од Осијек во натпревар кој се одигра во тешки услови поради густата магла, па избраниците на Анте Чачиќ се соочија со првиот пораз сезонава во домашното првенство.

Нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми настапија на оваа средба, а Ристовски дал изјава и за официјалната интернет страница на Динамо.

– Условите беа такви какви што беа, но како за нас, така и за нив. Судијата одлучи да играме и тоа е тоа.

– Не ни доликува да се жалиме, одиме понатаму, ние сме Динамо, мора да ги прифатиме поразите и да продолжиме понатаму, веќе доаѓа нов тежок натпревар.

– Динамо на секој првенствен натпревар оди на три бода, продолжуваме по нашиот пат, иако заморот е присутен, – изјавил Ристовски кој одигра цел натпревар, додека Адеми влезе од клупата за резервни фудбалери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни