Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ристовска и ЦСКА Москва во победничка серија во ЛШ

Објавено

на

Сара Ристовска и ЦСКА Москва прокнижија уште една победа во Лигата на шампионите и остануваат на првата позиција во групата Б во која е и актуелниот европски првак Ѓер.

Новата победа на рускиот состав дојде во Франција и тоа во битката со Брест која гостинските ракометарки ја реализираа со 30-28 (17-13). Многу борба се водеше, но ЦСКА Москва откако го презема водството во првиот дел знаеше како истото да го задржи и покрај нападите, обидите на домашниот клуб да се врати во игра и направи пресврт.

Ристовска на позицијата десно крило имаше квалитатна партија, постигнувајќи четири гола од пет обиди. Најефикасна кај победиците беше Михаличенко со седум погодоци.

ЦСКА Москва по пет кола има четири победи и вкупно 9 бодови со што е на врвот во Б групата, следното коло носи дуел со Подравка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни