Поврзете се со нас

Англија

Рио: Тврдењата за Халанд се скандалозни!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCityFra

Ерлинг Халанд имаше неверојатна вечер и постигна пет гола за 57 минути против Лајпциг, а слободно може да се каже дека директно беше спречен од Пеп Гвардиола да постигне уште неколку и да постави апсолутен рекорд во Лигата на шампионите.

Шпанскиот стручњак призна дека намерно го извадил Халанд од игра за да го заштити рекордот на Лионел Меси (тој исто така има пет гола на еден меч во ЛШ), но од друга страна пак, Ерлинг дојде на чекор од „границата 40“ кога е во прашање оваа натпреварувачка сезона.

Халанд од вчера има 10 голови во Лигата на шампионите оваа сезона, 28 има постигнато во Премиер лигата, а има дадено и еден гол во Купот. Тоа се вкупно 39 голови во дресот на Манчестер Сити, па со наредниит погодок ќе ја раситни 40-та. И покрај тоа, има такви кои сметаат дека Сити играл многу подобар фудбал без Норвежанецот во својот тим, па неговото последно издание во Европа му послужи на Рио Фердинанд да испрати жестока порака.

– Тоа што го прави Халанд во англискиот и европскиот фудбал е уништувачки. Кога тој игра на ваков начин за својот тим, тие секогаш ќе бидат доминантни. Тој е на теренот за да победи, за да донесе победа за својот тим. Тој носи супер-сила во својот тим и сите играат со желба и мотив покрај него.

– Тврдењата кои ги имаат некои луѓе се скандадлозни. Слушав како некој вели дека тој негативно влијаел врз тимот. Тоа е скандалозно тврдење. 39 гола оваа сезона, овој тим на Сити е само подобар со него. Многу ми се допаѓа кај него што е многу едноставен, никогаш не комплицира. Еден или два допири и веднаш трча зад грбот на противникот, – вели Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни