Поврзете се со нас

Англија

Реднап гледа поинакво сценарио за Рајс од Сити и Арсенал: Ако му понудат…

Објавено

на

Деклан Рајс е еден од играчите кој се очекува да го одбележи овој летен преоден рок, играч кој веќе доби зелено светло од Вест Хем за трансфер секако под услов да се исполнат нивните барања за комплетирање на зделката.

По освојување на трофејот во Конференциската лига, „чеканите“ порачаа дека Рајс заслужува шанса за трансфер, па сега имаме клубови кои притискаат за неговиот потпис, поточно тоа се Арсенал и Манчестер Сити.

Богати понуди доставија до Вест Хем и сега останува да се види дали ова наддавање ќе продолжи, но во меѓувреме легендарниот Хари Реднап гледа и едно друго сценарио, англискиот репрезентативец да остане во сегашната средина, ама под одрени услови.

-Вест Хем е голем клуб со по 65.000 навивачи на стадионот. Можам да видам иднина за него во клубот. Ако управата му понуди до 250 илјади фунти неделно и би донел тројца или четворица врвни играчи, тоа може да го стави во искушение да остане таму каде што е и покрај тоа што сака фудбал во Лигата на шампионите. „Чеканит“е се во Европа и тој го освои првиот медал со нас минатата сезона. Навистина би сакал да видам како клубот притиска да го задржи.

-Во реалноста се чини дека ќе оди во Арсенал како што стојат работите и тие почнуваат да изгледаат како многу добар тим на кој тој ќе му биде од голема помош. Сигурно ги гледам како главните предизвикувачи на Сити следната сезона и понатаму. Тие се млад и возбудлив тим, но јас би помислил дека тој би сакал да разговара со Сити. Сепак на крајот сакам „чеканите“ да имаат право да го задржат. Ние сме голем клуб и тој може да биде во полоша ситуација отколку да остане таму каде што е, -порача Хари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни