Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид одбил атрактивна понуда за Валверде

Објавено

на

Реал Мадрид ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед за Касемиро и му дозволи на Бразилецот да се пресели во Англија, но тоа нема да се случи и со Федерико Валверде.

Актуелниот европски првак добил атрактивна понуда и за Уругваецот, но без размислување ја одбил, тврди угледниот новинар Томас Гонзалес-Мартин.

Засега не е познат клубот кој побарал преговори за Валверде, но понудата била тешка дури 90 милиони евра.

Заминувањето на Касемиро е мотив повеќе за Реал да одбие вакви комбинации, а тренерот Карло Анчелоти веќе најави дека клубот не планира да продава од своите важни фудбалери.

Шпанскиот клуб го доведе Валверде од Пењарол во 2016 година, а две години подоцна тој почна да настапува за првата екипа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни