Поврзете се со нас

Италија

Разиграниот Милан ја продолжи победничката серија во Калчото (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/SerieA

Фудбалерите на Милан се изборија за рутински триумф над Лече од 3-0 во премиерниот натпревар од денешната програма во Серија А.

„Росонерите“ се во одличен ритам и тоа го потврдија и денеска каде ја забележаа петтата победа во низа. Домаќините веќе по 20 минути водеа со 2-0 и тоа благодарение на офанзивците Пулушиќ и Жиру.

AC Milan [1] – 0 Lecce – Christian Pulisic 6′ great goal
byu/dragon8811 insoccer

Американецот го отвори резултатот во 6 минута со одмерен удар, додека пак Оливие потоа со глава ја затресе мрежата на гостите.

Лече во 45 минута остана без Крстовиќ кој заработи директен црвен картон со што дополнително беше олеснета работата на избраниците на Пиоли. Точка на „Сан Сиро“ стави Леао на асистенција на Адли во 57 минута.

Со 68 бода Милан е на второто место, поточно е на -11 во однос на лидерот Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни