Поврзете се со нас

Англија

Раванели има трансфер предлог за Сити: Тој е совршен играч за Гвардиола…

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити сигурно ќе направи одредени промени во играчкиот каде по крајот на актуелнава сезона, односно ќе бидат доведени неколку засилувања, освежувања кои едноставно се потребни затоа што конкуренцијата е здрава работа.

Останува да се види какви потези ќе бидат повлечени, а еден предлог до Пеп Гвардиола има италијанската легенда Фабрицио Раванели.

Раванели смета дека Рикардо Калафиори кој го носи дресот на најпријатното сезонско изненадување во италијанскиот шампион Болоња е идеален играч за шпанскиот стручњак.

-Многу ми се допаѓа и би била одлична зделка. Калафиори ако играше за Манчестер Сити ќе беше новиот Стоунс. Тој е совршен играч за Гвардиола, бидејќи знае да одигра многу улоги во дефанзивната фаза. Калафиори е добар во стартување на акцијата, како и во маркирање и квалитет во додавањата. Понатаму, ми се чини дека има и силна личност. Накратко, тој би претставувал одлично засилување, -вели Раванели.

Рикардо има 21 година и освен како стопер може да игра како лев бек, но и да ја покрие целата лева страна ако е потребно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни