Поврзете се со нас

Репрезентација

Ракометарите убедливи во првиот тест против Црна Гора

Објавено

на

Машката сениорска репрезентација на Македонија забележа победа над Црна Гора (38-33) во првиот натпревар од подготовките за Светското првенство во Полска и Шведска.

И двете селекции не играа со најсилните состави, имаше многу ротации, а подобро се снајдоа избраниците на Кирил Лазаров. Средбата во Маврово донесе квалитетно прво полувреме за „црвено-жолтите“ кои се изборија за предност од 19-13, предност која продолжи да расте и по паузата, па во одреден момент имавме и двоцифрена позитива.

Во завршните моменти дојде до опуштање, пад на концетрацијата и тоа го искористија Црногорците да се изборат за поблаг пораз на овој натпревар.

Манасков со 10 гола беше прво име, по пет погодоци дадоаТалески, Георгиевски и Ѓоргиев .

Утре овие две селекции ќе одиграа уште еден пријателски натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни