Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Рафиња: Да се победи овде…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона го доби првото соочување со Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите (3-2) и со предност ќе го дочека реваншот на „Монжуик“ закажан за 16 април.

Барселона го доби трилерот во Париз, Атлетико го одбрани „Ванда Метрополитано“ (ВИДЕО)

Каталонците се претставија во добро издание против екипа која ретко губи на домашен терен, па овој триумф треба да донесе дополнителна самодоверба кај избраниците на Чави Ернандес кои во еден ден од оваа сезона изгледаа како загубени, меѓутоа работите во изминатиов период доста се променија.

-Последниве неколку недели работевме многу напорно на тренинзите. Да дојдеш овде и да се вратиш дома со победа е навистина позитивно. Победата е важна, но оваа пресметка воошто не е готова, -истакна Рафиња кој вечерва даде два гола и сосема заслужено го понесе признанието играч на натпреварот.

Инаку Барса пред реваншот со „светците“ има лигашки меч со Кадиз, а по ЛШ следи дербито со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни