Поврзете се со нас

Македонија

Работнички ја совлада Шкендија, „лавовите“ и одржаа лекција на Струга

Објавено

на

Фудбалерите на Работнички издвојуваа победа над Шкендија од 2-1 во денешната средба од 22. рунда во Првата македонска лига.

Средбата во Скопје како и преостанатите четири мечеви првично требаа да се одиграа во неделата, меѓутоа проади лошите временски услоги беа презакажани за денес. На националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, „романтичарите“ за прв пат по 2017 година славеа над Шкендија и тоа со головите на Станковски и Рушевиќ.

За актуелниот македонски првак кој се денешниот пораз падна на третото место стрелаше Шала во 25минута.

Во Тетово, екипите на Ренова и Шкупи одиграа без победник 0-0, додека Академија Пандев го разби Борец со 5-0.

Македонија ЃП ја продолжи одличната серија и ја суреди Струга со 3-1 на нејзин терен. Брегалница беше подобра од Пелистер со 2-1 што значи дека тренерот Илчо Ѓорѓиоски дојде до првиот триумф на кормилото од составот од Штип.

ПРВА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ:

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 2-1

РЕНОВА – ШКУПИ 0-0

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-3

БРЕГАЛНИЦА – ПЕЛИСТЕР 2-1

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БОРЕЦ 5-0

САБОТА: ТИКВЕШ – СКОПЈЕ 3-0

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни