Поврзете се со нас

Англија

ПСЖ ја сака ѕвездата на Сити, „граѓаните“ ја одбиле првата понуда

Објавено

на

foto:twitter.com/JackGrealish

Пари Сен Жермен треба да го реши прашањето околу Килијан Мбапе, но во исто време активно работи на формирање на што подобра, покомпетитивна екипа која ќе може да одговори на предизвиците во сите натпреварувања во кампањата 2023/2024.

„Светците“ веќе доведоа неколку имиња, ама не планираа тука да застанат и нивна голема желба е португалскиот репрезентативец од редовите на Манчестер Сити, Бернардо Силва.

„Дејли Рекорд“ пренесува дека францускиот првак испрати понуда до Сити за Силва, ама истата била одбиена. Луис Кампос многу добро го познава Бернардо, има добар однос со него и се обидува да најде начин да го доведе на „Паркот на принцовите“.

За офанзивецот интерес има од Саудиска Арабија, се говори и за Барселона, ама и неговиот сегашен тим сака да ја продолжи соработкаат со него.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни