Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ и Реал блиску до договор за Мбапе, трансферот може да биде реализиран во секој момент

Објавено

на

Трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид е поблиску до реализација, а шпанска „Марка“ пренесува дека останува уште да се направи компромис околу сумата.

Мајката на фудбалерот го известила шпанскиот клуб дека ПСЖ бара 250 милиони евра за Мбапе, но Реал Мадрид нема да брза бидејќи е свесен за незгодната позиција во која се наоѓа францускиот ривал.

Мбапе и Реал лесно ќе се договорат за личните услови, бидејќи за нив преговарале и во минатото, па сега останува да се види колку е ПСЖ подготвен да оди надолу од првичната позиција.

Насер Ал Келаифи инсистира на продажба, не само поради фактот што следното лето Мбапе би заминал без отштета, туку и да го прикаже трансферот како свој бизнис успех. Иако „Марка“ потенцира дека дури Реал да плати и 250 милиони евра, голем дел од таа сума ќе заврши кај фудбалерот, како надомест за парите кои му се ветени до крајот на договорот.

Реал и ПСЖ не комуницираат директно и преговорите се одвиваат со посредници, а страната на Мбапе сега треба да добие информација за сумата за која Французите ќе се согласата на продажба. Времето работи за Реал, па тешко е да се поверува дека ПСЖ ќе остане на актуелната позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни