Поврзете се со нас

Шпанија

Првото летно засилување на Реал донесе и важни промени: „Кралевите“ имаат нова „7-ка“ (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид веќе ги најави Фран Гарсија и Брахим Дијаз како повратници во првиот тим, но „кралскиот клуб“ денеска и официјално го претстави досегашниот соиграч на Столе Димитриевски како прво летно засилување.

Младиот Гарсија позираше во друштво на Флорентино Перез и големо внимание привлече дресот со број 20, кој интересно досега му припаѓаше на големата ѕвезда Винисиус Жуниор.

Левиот бек ќе го наследи бројот кој досега беше во сопственост на Бразилецот, кој од денеска е новата „7-ка“ во првиот тим на Карло Анчелоти.

Вини одлучил да го земе бројот кој го ослободи Еден Азар, а важна промена кога се во прашање броевите има и кај вториот фантастичен Бразилец во тимот.

Родриго досега го носеше дресот со број 21, но во новата сезона ќе ја носи „11-та“ која долги години беше на грбот на Марко Асенсио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни