Поврзете се со нас

Македонија

Прв пораз на вицешампионот: Охрид го надигра Алкалоид во дербито во „Билјанини извори“

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid

Екипата на ГРК Охрид издвојува победа над Алкалоид со 30-26 во дерби средбата од четвртото коло во плејофот во Суперлигата.

Охрид во претходната рунда беше рамноправен со Еурофарм Пелистер, меѓутоа попушти во самиот финиш и загуби во Битола, но вечерва ситуацијата беше поинаква, одигра фантастично во салата „Билјанини извори“ и му го нанесе првиот сезонски пораз на Алкалоид.

Избраниците на Алушовски имаа повеќе енергија, знаеја да ги искористат сите маани на противникот, плус фантастичен на голот беше голманот Ѓорѓески со 15 одбрани.

Брилијантен беше и Цирар со 14 погодоци, Шафранко имаше 7 реализации, односно оваа тројка имаше најголема заслуга што Охрид му зема мерка на актуелниот вицешампион.

Кај Алкалоид, Дамјан Митев беше прв стрелев со 7 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни