Поврзете се со нас

Репрезентација

Просинечки најави големи промени за утрешниот меч: Македонија не изгледаше добро против Молдавија

Објавено

на

Македонија и Црна Гора утре ќе одиграат тест пријателска во Анталија и така ќе го заокружат овој мартовски репрезентативен циклус, во кој двете селекции веќе одиграа по еден меч.

Нашиот најсилен тим ремизираше со Молдавија и мораше да се задоволи со резутлат 1:1, додека Црна Гора дебитираше со победа на првиот меч под водство на Роберт Просинечки.

Легендарниот Хрват го водеше својот тим до победа над Белорусија со резутлат 2:0, а утре очекува многу помотивирана Македонија поради фактот што тој смета дека избраниците на Милевски се покажале во лошо светло против Молдавија.

– Го гледавме натпреварот на Македонците против Молдавија и мора да се каже дека не изгледаа добро. Против нас сигурно ќе бидат помотивирани, ќе сакаат да победат и да го поправат впечатокот.

– Македонија има голем индивидуален квалитет, нивните играчи прават разлика во добри клубови. Нема да биде лесен меч за нас, но оптимисти сме поради добрата работа на момците. За утре ќе го променам цел тим, ќе испробам целосно друг тим од првиот меч. Ќе игра само Јоветиќ кој нема доволно минутажа во својот клуб, – најави Просинечки за утрешниот меч кој ќе почне во 14:00 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни