Поврзете се со нас

АТП

Промовирана монографијата за 70-годишниот јубилеј на тениската федерација во Македонија

Објавено

на

Македонската тениска федерација денеска во Скопје ја промовираше монографијата по повод својот 70-годишен јубилеј од основањето.

Со овој настан беше заокружена годината во која по неколкугодишна пауза повторно гледавме и квалитетен тенис на нашите терени преку организација на турнири на кои играа и нашите најдобри претставници во овој спорт, Лина Ѓорческа и Калин Ивановски.

Автор на Монографијата е спортскиот новинар Марјан Ников, кој во своето излагање напомена дека 1953 година е една од најплодните. Тогаш е формиран одделен Сојуз за тенис на НРМ, потпишано од Боро Чакар, еден првите имиња во тенисот во повоена Македонија.

На присутните гости им се обратија претседателот на Тениската федерација на Северна Македонија, Александар Ивановски, македонската тениска легенда Јован Спасеновски – Џагула, Славчо Ночев кој е поранешен претседател на Тенискиот сојуз на Македонија и селектор на Дејвис куп репрезентацијата, Лина Ѓорческа како најсупешната македонска тенисерка со повеќе од 100 одиграни финални мечеви на турнирите, Зоран Шевченко член на првиот тим на македонската Дејвис куп репрезентација, како и Горан Шевченко спортски директор на федерацијата.

Монографијата има седум делови: Историјат на тенисот во Македонија; Македонија во Дејвис купот и Фед / БЏК купот; македонски тенисери и тенисерки со турнирски победи; Macedonian open – прв во низата меѓународни турнири, Македонска тениска федерација и македонскиот тенис низ бројки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни