Поврзете се со нас

Репрезентација

Претквалификации за ЛОИ: Македонија немоќна и против Естонија

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација загуби од Естонија (83:59) на вториот натпревар на олимпискиот претквалифицикаски турнир кој го играме во Талин.

Домашната селекција доминираше во текот на целата средба и заслужено го доби дуелот со избраниците на Александар Јончевски,  за кои ова е втор пораз во два дена на истиот турнир.

Победникот беше најавен уште во првиот период во кој Македонија прими 25, а постигна само 7 поени, па Естонците умешно ја одржаа контролата на резултатот и стигнаа и до убедлива победа пред своите фанови (83:59).

Стојановски со 12 и Шорц со 11 поени беа најефикасни во нашата репрезентација, додека кај Естонците најрасположен за реализација беше Трејер со 14 поени.

Македонија ќе го заврши настапот на овој претквалификациски олимписки турнир со дуел против Чешка во вторник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни