Поврзете се со нас

Свет

Познат фудбалер од Јужна Африка убиен од крадците на неговиот автомобил

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/KaizerChiefs

Веста за убиството на Лук Флеурс ја шокираше јавноста во Јужна Африка, а полицијата открила дека познатиот фудбалер настрадал од непознати лица, кои го украле неговиот автомобил.

Флеурс застанал на бензинска пумпа и додека чекал полнење на резервоарот, бил нападнат од две лица, кои го застрелале, а потоа го украле и неговиот автомобил.

Полицијата ги откри деталите, но и призна дека засега нема информации за убијците.

Флеурс беше член на најпопуларниот клуб во ЈАР, екипата на Кајзер Чифс, а починал во болница во Јоханезбург на 24-годишна возраст.

Дефанзивецот имаше повик, но не и настап за сениорската репрезентација на Јужна Африка, но затоа беше дел од У-23 селекцијата која настапуваше на Олимпијадата во Токио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни